Од денеска интерните клиники се ставаат во функција на лекување на ковид пациенти

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче утрово се сретнал со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија проф. д-р Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти.

„Овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид 19, нема да го поремети нормалното функционирање на сите овие клиники. Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Филипче вчера на прес-конференција ја оцени состојбата со коронавирусот како крајно сериозна, но изрази уверување дека здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот.

Рече дека вирусот е широко распостранет, и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција. Апелира да се почитуваат сегашните рестриктивни мерки и да не се излегува од дома ако се нема потреба, освен во маркет, на работно место или во училиште.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски