Изборниот штаб на Трамп отвори телефонска линија за пријавување изборни нерегуларности

Од:

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп воспостави телефонска линија за повици во врска со наводна изборна кражба, додека тимот на Бајден настојува да ги убеди приврзаниците и сојузниците да ја потврдат легитимноста на изборите.

Си Ен Ен наведува дека Трамп ја оценува постапката за пребројување на гласовите како „заговор за кражба на изборите“, а со воспоставување на телефонска линија се обидува да ги оправда своите тврдења.

Штабот на Бајден по синоќешното обраќање на Трамп во Белата куќа започна план кој денеска е во тек, со цел да ги убеди неговите стари сојузници во Сенатот да заборуваат за легитимноста на изборите.

Се очекува обраќање до јавноста на демократскиот кандидат, но не е прецизирано кога би можело да се случи тоа.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он