Заврши одбележувањето на „Денови на Општина Центар“

Од:

Со делењето на 150 пакети со хигиенски и прехранбени производи на семејствата со висок социјален ризик, заврши одбележувањето на „Деновите на Општина Центар“.

Како што соопштуваат, Општина Центар и невладината Банка за Храна Македонија секој месец на 150 семејства со висок социјален ризик, во соработка со маркетите Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак и Гранап, им делат пакети со основни намирници, кои на овие семејства им се најпотребни.

Во рамки на одбележувањето на „Деновите на Општина Центар“, а врз основа на претходно утврдени критериуми, општината додели вкупно 100 стипендии на ученици од општинските основни училишта во неколку области – наука, култура и спорт.

„Затоа што сите деца се важни и секое дете има право на пристап до квалитетно образование, дополнително, со годишни стипендии поддржавме и наши ученици кои доаѓаат од семејства со висок социјален ризик“, додаде градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

„Со цел овозможување на пристап до квалитетен и безбеден процес на образование во време на пандемија на КОВИД 19, Општина Центар, во соработка со неколку општествено-одговорни компании, на општинските основни училишта им донираше 60 преносливи компјутери наменети за полесно одржување на онлајн наставата. Општина Центар како досега, ќе работи на подигнување на квалитетот на образованието и ќе ги поддржува своите ученици во нивните идни животни предизвици и подвизи.

По повод роденденот на Општина Центар, 3-ти ноември, со почитување на сите мерки од надлежните институции, како знак на општествено признание за особени постигнувања во областите на стопанството, уметноста, образованието и други области од трудот и творештвото, општината и оваа година ја додели наградата Феникс“, соопштува Центар.

Добитници на наградата се: Кристина Неделковска, за постигнувања во спортот – бодибилдинг, Катерина Ќетковиќ Фидановска, за постигнувања во образованието, Ксенија Серафимовска, за постигнувања во природните науки, Леонид Петрески, за постигнувања во шахот, Тијана Огњаноска, за постигнувања во природната наука – биологија и Лука Дворник, за постигнувања во спортот – пинг-понг. Наградените добија дипломи и пригодни парични награди.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски