„Опус 1-8“ – деби албум на Гала Насева

Од:

Независниот музички издавач Шарла Рекордс го издаде деби албумот на македонската композиторка Гала Насева со наслов „Опус 1-8“.

Гала е композиторка на современа класична музика од Скопје која дел од своето формално музичко образование го стекна на катедрата по музикологија на германскиот универзитет „Јустус Либиг” во Гизен. Таму и ги започнува своите први авторски чекори, работејќи дела за разни арт перформанси и театарски претстави. Токму овие композиции го сочинуваат јадрото на албумот Опус 1-8  во кој се вклучени и две соработки со уште еден автор кој издава за Шарла – композиторот Глигор Кондовски.

Опус 1-8 се состои од осум теми во вкупно времетраење од 28 минути кои Гала елегантно ги трансформира во композиции на емоција и атмосфера, користејќи пијано, чело и електронски елементи. Покрај неколкуте луцидни минијатури, се издвојува Опус 7/8 во која авторката на инвентивен начин ги поврзува македонското музичко наследство и авангардниот израз на современата класична музика, наведуваат од Шарла Рекордс,.

(Албумот може да се преслуша и на одреден период слободно симне на
следниот линк:  https://sharla.bandcamp.com/album/opus-1-8-lp)

Ова е 58 издание на независната издавачка куќа за музика, литературата и останато од Скопје, која е етаблирана од 2013 година. 

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска