Американскиот државен секретар Џон Кери апелираше до сирискиот претседател Башар ал Асад за застане на страната на мирот.
Кери во Аман учествува на меѓународната средба на групата „Пријатели на Сирија“.
– Го повикуваме претседателот Асад да работи за мирот во сопствената земја, посочи Кери.
На средбата во Аман учествуваат 11 министри за надворешни работи – на САД, на Франција, на Велика Британија, на Германија, на Египет, на Јордан, на Италија, на Катар, на Саудиска Арабија, на Турција и на Обединетите Арапски Емирати.