Еден агент на американското Федерално истражно биро (ФБИ) утрово во Флорида го уби Чеченецот Ибрагим Тодашев, познаник на бостонскиот бомбаш Тамерлан Царнајев.
Американските медиуми објавија дека не е познато како тоа се случило, а ФБИ издаде кратко соопштение во кое се наведува дека убиството се случило кога агентот се обидел да го испита Тодашев.
– Испитуваме како тоа се случи. Осомничениот почина и во овој момент немаме повеќе информации, се истакнува во соопштението од ФБИ.
Тим истражувачи на ФБИ од Вашингтон пристигнале во Флорида за да истражат како се случил инцидентот.
Од нападот во Бостон, во кој загинаа три лица, а над 260 беа повредени, агенти на ФБИ ги сослушуваат пријателите и познаниците на браќата Царнајев.