Местото на Солскјер во Манчестер Јунајтед засега не е загрозено

Од:

Оле Гунар Солскјер и во наредниот период ќе продолжи како главен тренер на Манчестер јунајтед. Според „Sky Sports“, управата на клубот го поддржува норвешкиот фудбалски стручњак и го гледа во контекст на долгорочна соработка.

Во исто време, двете страни разбираат дека резултатите и играта на тимот мора да се подобрат.

Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед побарал средба со претставниците на поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Манчестер јунајтед се наоѓа во голема резултатска криза. Во Премиер лигата, од можни 18 има освоено само седум бода и се наоѓа на 15.место. Во Лигата на шампионите вчеравечер тимот предводен од Солскјер загуби од Башекшехир во Истанбул во меч од 3. коло.

Би можело да ве интересира

Манчестер Јунајтед и Арсенал ремизираа на Олд Трафорд во Премиер лигата

Рубен Аморим зажале што седна на клупата на Манчестер Јунајтед?

А1он

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0