Петиција против Мердок потпишана од половина милион граѓани

Од:

Онлајн петицијата, која пред три недели ја покрена поранешниот австралиски премиер Кевин Рад, а која повикува на испитување на медиумската доминација на Руперт Мердок, ја потпишаа повеќе од 500.000 Австралијанци.

Потпишувањето на петицијата заврши вчера. „Њуз Корп Аустралиа“ (News Corp Australia) контролира 70 отсто од локалните весници.

Мердок не ја коментирал петицијата, ниту кој било друг од компанијата.

Кевин Рад беше на премиерска функција од 2007 до 2010 година, а потоа и во 2013 година. Тој често го критикуваше Мердок и неговите весници, кои се залагале против неговиот реизбор.

Критиките упатени кон весниците на „Њуз Корп Аустралиа“ се однесуваат на намалувањето на улогата на климатските промени при известувањето за пожарите минатото лето, како и неточните информации во врска со ширењето на коронавирусот и за влијанието на карантинот во Австралија. Компанијата застана во одбрана на своето информирање врз основа на обвинување за политичка пристрасност, расизам и скептицизам кон климатските промени.

Весниците кои се под контрола на „Њуз Корп Аустралиа“ се меѓу најпродаваните во Австралија.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он