Во Тирана одржан „Македонско-aлбански форум за бизнис и инвестиции“

Од:

Конкретизација на заложбите на владите на Македонија и Албанија за развој на економските релации помеѓу двете земји преку директно таргетирање на секторите во кои постои потенцијал за продлабочување на соработката – туризам, храна, вино и агробизнис е целта на првиот „Македонско-албански форум за бизнис и инвестиции“ што се одржа денеска во Тирана.

На форумот, во организација на македонската Амбасада во Тирана и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) а во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ), покрај амбасадорот Веле Трпевски се обратија и првите луѓе на посочените агенции, соодветно Висар Фида и Јордан Трајков, а се обрати и економскиот промотор на РМ за Албанија и Косово Фатос Мустафа.

Од албанска страна присуствуваа Пранвера Кастрати, директорка за трговија во Министерство за економија, трговија и енергетика на Република Албанија и директорката на Албанската агенција за развој и инвестиции, Енеида Гуриа.

Во рамки на форумот, односно по завршувањето на презентациите за можностите за инвестирање и туристичките потенцијали, беа организирани мрежни сесии помеѓу македонските и албанските учесници, како и дегустација на вина и традиционална храна од Македонија.

– Значајно е да се истакне дека сите учесници на форумот имаа можност бесплатно да ги изложат своите производи на сопствен штанд, поради што учество зедоа повеќе од педесетина македонски компании од туристичкиот сектор, прехранбената индустрија и од агробизнисот, се вели во соопштението.

Организацијата на овој форум се совпаѓа со периодот кога во полн ек е реализацијата на кампањата „Macedonia Timeless“ , организирана од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, во рамки на која во период од еден месец се врши промоција на туристичките потенцијали на Република Македонија на повеќе од 200 билборди како и во најголемите телевизиски и пишани медиуми во Албанија.

Во рамки на форумот за бизнис и инвестиции, беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Албанската агенција за развој и инвестиции, што треба да даде уште еден импулс за дополнителна соработка и промоција на извозот, се вели во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски