Кристијано Роналдо се врати во дресот на Јувентус по проблемите што ги имаше со коронавирусот, постигна два гола во последниот триумгф, но не се сите „бјанконери“ негови обожуватели. Поранешниот играч на „старата дама“, Пасквал Бруно изрече низа обвинувања на негова сметка.
„Тој ги игнорира Италијанците. Во Италија е веќе две години и не сака да го научи нашиот јазик. Го користи италијанскиот, не ги почитува доволно ниту соиграчите Италијанци. Видете што направи кога влезе во игра против Специја. Тој е силно оружје за Јувентус, тоа е јасно, но мора да почитува повеќе“, изјави Пасквал Бруно, кој работи како ТВ консултант.