Политички азил за авганистанските преведувачи што работеле со британските војници

Од:

Околу 600 авганистански преведувачи, кои работеле со британските војници во борбата против талибанците во Јужен Авганистан, наскоро ќе добијат дозвола да се населат во Велика Британија, изјави извор близок до кабинетот на премиерот Дејвид Камерон.

Досега Камерон го отфрлаше ваквото право на поранешните авганистански преведувачи и нивните семејства, но го промени ставот по кампањата за донесување на таква мерка.

Тројца Авганистанци, кои работеле како преведувачи за британските сили во земјата и стравуваат дека ќе бидат цел на талибанците по повлекувањето на британската армија од Авганистан, во мај поднесоа вакво барање до лондонскиот суд.

До британското Министерство за надворешни работи беше поднесена и петиција потпишана од 78.000 лица со барање авганистанските преведувачи да добијат политички азил.

Дејвид Камерон планира да предложи петгодишни визи за преведувачите, кои работеле на терен со британските војници во Авганистан подолго од една година.

Преведувачите кои ќе одлучат да останат во Авганистан ќе добијат поголема финансиска поддршка.

Во Авганистан се распоредени околу 9.000 британски војници. Околу 4.000 од нив ќе ја напуштат земјата до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот