Тетовец со затворски денови ќе издржи казна за кривично дело „неплаќање на парична казна“

Од:

Тетовската полиција привела 63 годишник од градот, осуден за кривично делото „неплаќање на парична казна“ за да издржи затворска казна. Тој бил приведен во текот на вчерашниот ден поради судска наредба.

-Станува збор за лице кои извршило кривично дело и добило парична казна. Бидејќи немал платено и немало друг начин за присилна наплата сега казната се менува со затворски денови, појаснуваат од СВР Тетово.

Осудениот Н.С. бил спроведен во Казнено-поправната установа затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он