Промоција на книгата „Замислување на мирот: Дијалог за перцепција“ од Вендерс и Зурнази

Од:

Во организација на Филозофскиот Филмски Фестивал и Филозофското друштво на Македонија, вечер во Кинотеката ќе се одржи промоцијата на македонскиот превод на книгата „Замислување на мирот: Дијалог за перцепција“ (Inventing Peace, A Dialogue on Perception) на режисерот Вим Вендерс и проф. д-р Мери Зурнази.

Првото издание на едицијата ФИЛМОСОФИЈА во издание на Филозофското друштво на Македонија е реализирано со финансиска поддршка на Агенцијата за филм, а промоцијата со поддршка на Министерството за култура. Преводот на книгата е на Ана Дишлиеска Митова и Александар Војнески.

Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Иван Џепароски, професор по естетика и раководител на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје.

По промоцијата на книгата ќе следи проекција на ТОКИО-ГА (Tokyo-Ga), документарен филм на Вендерс за творештвото на јапонскиот филмски великан Јасуџиро Озу, што се реализира со соработка меѓу Кинотеката и Гете институтот Скопје.

Проекцијата ќе биде бесплатна и отворена за сите посетители. Целиот настан ќе биде организиран со пропишаните мерки за лична и колективна заштита, наведуваат организаторите Филозофско друштво на Македонија и Филозофски Филмски Фестивал.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска