Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше промовирана петтата книга, романот „Срцето на една жена“ од велешкиот автор Јасмина Ѓорѓиева.
-Романот ја буди заспаната човечност во секој од нас. Колку да изгледа тешко и несовладливо секоја препрека се совладува со желба и љубов кон животот. Животот е убав и за него секој од нас треба да се бори. Овој роман ги руши ставовите и гледиштата и гради вредности што не наведуваат да е соочиме со себе и со животот кој се одвива околу нас, вели промоторката на романот Лила Арсова.
Таа додава дека содржината во овој роман ги руши ставовите и гради нови вредности, а оти неговата содржина не наведува да се соочиме со себе и со животот околу нас.
Во разговорот за МИА, авторката Јасмина Ѓорѓева вели дека романот „Срцето на една жена“ е само една животна лекција за тоа како се учи животот и како се стасува до поубавото во него.
-Се во животот треба да се прифати како предизвик и да се гледа убавата страна, па и на болката и на неубавите предизвици, дека секогаш може да се стигне до убавото, ако се има желба и верба, вели Ѓорѓиева.
Таа е член на Клубот на пистели „Коста Солев Рацин“, а досега ги издала збирките поезија „Љубовта на младите“ „Скриена игра“,„Дијалог со срцето“ и „Разбојот на соништата“. Учествувала на домашни и меѓународни конкурси, каде има освоено и награди и признанија.