Јапонската Влада денеска официјално потврди дека ја разгледува можноста за обновување на дијалогот со Северна Кореја.
Преговорите за решавање на прашањето за киднапираните Јапонци од страна на Северна Кореја во ’70 и ’80-те години на 20 век се одржаа за последен пат на 15 ноември минатата година во Улан Батор.
Дијалогот беше прекинат откако во декември Северна Кореја истрела ракета со сателит и изврши нуклеарна проба во февруари.
Генералниот секретар на Владата Јошихиде Суга изјави денеска на прес-конференција дека преговорите на високо ниво со Северна Кореја се можни, доколкусе процени дека можат да доведат до решавање на прашањето за киднапирањата.