Најмалку 42 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во серијата напади во Ирак, соопштија ирачки официјални лица.
Најголем беше нападот со автомобил бомба во близина на една сунитка џамија во Абу Граиб во западниот дел на Багдад каде што загинаа 11, а се повредени 12 лица.
Вчера во повеќе напади загинаа 31 лице, пренесуваат медиумите.
Во три експлозии на бомби поставени во близина на пазар во Киркук, загинаа 6 лица, додека 25 се повредени.
Според податоците на експерти на ОН во април во терористички напади загинаа повеќе од 700 ирачани, што е најголем биланс од 2007 година, кога имаше жетоки судири помеѓу екстремните групи.
Елена Георгиевска