Британските пратеници го поддржаа вчера законот, со кој се дозволуваат еднополовите бракови. Нацрт-законот го поддржаа 366 пратеници, а „против“ гласаа 161.
На почетокот на дебатата конзервативците предложија измени, што претставуваше закана да се забави, па дури и да не успее усвојувањето на законот. Сепак тие успеаја да се договорат со лабуристите за измените и законот беше одобрен.
Нацрт-законот денеска треба да биде разгледан во Горниот дом на Парламентот, Домот на лордовите, а конечната одлука ќе биде донесена на почетокот на јуни.