Јубилениот број на „Синтези“ посветен на Блаже Конески

Од:

Јубилејниот педесетти број на списанието „Синтези“ е посветен на делото на големиот македонски поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески.

Објавувањето на овој број е поддржано од Министерството за култура во рамките на програмата за проекти од национален интерес, и е во пресрет на прогласената година на Блаже Конески, по повод сто години од раѓањето на поетот.

„Синтези“ на своите страници ќе има избор од поезијата на Конески, од сите фази на неговото творештво, почнувајќи со стихови од “Стариот нотес“, создавани во 1939 година, до последната песна „Зимско утро“, напишана на 29 ноември 1993 година, само неколку дена пред физичкото заминување на поетот. Објавен е и познатиот арс-поетички есеј на Конески ,„Мојот опит“, огледите „За македонската литература“, „Поезијата на Кочо Рацин“ и „Излезе сејач да сее“, како и негови искази за творештвото под наслов „За пораката.

Списанието во посебен оддел објавува и толкувачки прилози за поезијата на Блаже Конески“. Тоа се текстовите „Блаже Конески или обележје на една поетска епоха“ од Георги Старделов, „Поетското послание на Блаже Конески“ од Веле Смилевски, „Поезија на чувствена и богата едноставност“ од Едрју Харви и Ен Пенингтон и „Поезијата на Блаже Конески“ од Матеја Матевски.

Документарниот дел на „Синтези“ донесува факсимили на своерачно напишани песни од Блаже Конески, како и голем број фотографии од кои дел за прв пат се објавуваат.

Меѓу низата прилози од домашни и странски сликари, на страниците на „Синтези“ објавени се и репродукции на портрети на Блаже Конески од ликовните уметници Димитар Кондовски, Василије Поповиќ Цицо, Коле Манев, Боле Милорадовиќ и Данчо Калчев.

Списанието „Синтези“ го објавува Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Главен и одговорен уредник е Веле Смилевски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска