Македонски претставници на 32. сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа

Од:

Триесет и втората сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа 2020 година, ќе се одржи виртуелно од денеска до 4 ноември, поради глобалната пандемија КОВИД-19 и придружните предизвици за јавното здравство

Пленарната дебата, министерската тркалезна маса и сите други состаноци ќе бидат емитувани на Интернет. Главни говорници на форумот ќе бидат Чу Донгју – генерален директор на ФАО, Владимир Рахманин и помошник-генерален директор на ФАО и регионален претставник за Европа и Централна Азија и Набил Ганги – заменик-регионален претставник на ФАО и секретар на Регионалната конференција на ФАО за Европа.

Со конференцијата ќе претседава Jамшид Kодјаев, министер за земјоделство на Узбекистан, а најавено е учеството на министри за земјоделство и претставници на високо ниво од над 40 земји, вклучително и од Република Северна Македонија.

Во пресрет на Самитот на ООН за системи за храна 2021 година, Регионалната конференција на ФАО за Европа, како што најавуваат организаторите, ќе се фокусира на темата одржливи системи за храна и здрава исхрана во Европа и Централна Азија. Дебатата на тркалезната маса ќе го разгледа статусот на исхрана и одржливите системи за храна, идентификувајќи ги меѓусебните врски, поврзаните предизвици и можностите во регионот.

Друга клучна тема за дискусија на првиот ден од Конференцијата ќе биде младите, вработувањето на младите и развојот на руралните области во контекст на Декадата на ОН за семејно земјоделство (United Nations Decade of Family Farming). Дискусијата ќе претстави анализа на ситуацијата на малите земјоделски стопанства, семејните фарми и младите во земјоделството, вклучително и преглед на стратегиите што можат да ги ревитализираат руралните области во регионот на Европа и Централна Азија.

Конференцијата ќе ги презентира приоритетите на ФАО во регионот, кои се обликувани во контекст на кризата КОВИД-19.

Настани за иновации и дигитализација, како и за Комитетот за светска безбедност на храната ќе се одржат на маргините на Регионалната конференција. Дополнително, ќе бидат презентирани Синтезата на евалуациите на ФАО 2014–2019 година во Европа и Централна Азија и Иницијативата на ФАО “Рака под рака”.

Би можело да ве интересира

Северна Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура

Ана Ололовска

ФАО соопшти дека од Украина испловил првиот брод со жито за Јемен

Ана Ололовска

ФАО предвидува дека оваа година увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари

А1он

ФАО: Глобалните цени на храната благо паднаа во мај

А1он

ФАО и 14 меѓународни организации предупредуваат дека на истокот од Африка му се заканува голема глад

Ана Ололовска

ФАО: Од Украина досега „исчезнале“ околу 700.000 тони жито, има индиции дека го украле руските сили

А1он