Турција во целост ги почитува религиозните слободи, но Владата е благонаклонета и пристрасна во однос на сунитските исламски групи. Тој заклучок се содржи во извештајот за религиозни слободи на Стејт департментот на САД.
– Во целина, членовите на религиозни групи, кои се официјално признаени во османскиот период, грчките, ерменските и асириските православни христијани, ерменските протестанти и Евреите, соопштија дека имаат слобода на вероисповед, се наведува во извештајот.
Во текстот, меѓутоа, се истакнува дека иако и Уставот и другите закони и политики ги заштитуваат религиозните слободи во целина, Владата манифестира преферирање кон сунитските исламски групи.
Извештајот го засегнува и прашањето за грчката православна семинарија на островот Хејбели (на грчки Халки) крај Истанбул, која останува затворена, и покрај изразената поддршка од некои високи турски претставници за нејзино отворање.