ЕУ највероватно ќе го стави Хезболах на „црната листа“

Од:

Европската унија ја разгледува можноста да го вклучи вооруженото крило на движењето Хезболах на листата на терористички организации, изјавија неименувани европски дипломати.

Велика Британија доставила барање до европските партнери Хезболах да се стави на „црната листа“, а дискусиите за тоа ќе почнат на почетокот од јуни.

– Се надеваме дека до крајот на јуни ќе постигнеме договор за ставање на вооруженото крило на движењето Хезболах на листата на терористички организации, истакна еден од дипломатите.

Израелскиот претседател Шимон Перез при официјалната посета на Брисел во март побара од ЕУ да преземе мерки против Хезболах.

Досега само две земји-членки на Унијата, Велика Британија и Холандија го ставија Хезболах на „црната листа“. Холандските власти тоа го направија за сите елементи на шиитското движење, а Лондон само за вооруженото крило.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација