Во Големата сала на Општина Охрид денеска јубилеен концерт ќе одржат уметничките од составот „Трио Долче“.
Охриѓанката Светлана Богданоска – Ристоски на флејта, прилепчанката Андријана Дукоска на виолончело и битолчанката Марија Шамоска- Буџаковски на пијано веќе пет години заедно настапуваат низ концертните сали во земјата, изведувајќи познати дела на светски уметници и композотори.
На репертоарот на вечерашниот концерт, што се одржува со поддршка на Министерството за култура и согласно сите протоколи за заштита, се дела од Чајковски, Брамс и Фаренк. Влезот е слободен.