ФБИ/КИСА: Ирански хакери собрале податоци за американски гласачи

Од:

Американските безбедносни служби потврдија дека ирански хакери кои испратиле заканувачки електронски мејлови до илјадници Американци претходно овој месец „успешно пристапиле до податоците на гласачите на претстојните претседателски избори“.

ФБИ и Секретаријатот за внатрешна безбедност (КИСА) во заедничко соопштение наведоа дека „сторителите успешно добиле податоци од регистарот на гласачи во најмалку една американска федерална држава“.

Директорот за национално разузнавање Џон Ратклиф и директорот на ФБИ Крис Вреј минатата недела изјавија дека Иран и Русија собрале податоци за американските гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори во САД.

Невообичаената прес-конференција за разузнавање се одржа на само неколку денови пред претседателските избори во САД, откако демократските гласачи во најмалку четири клучни држави добија заканувачки мејлови, наводно од групата „Горди момци“, предупредувајќи дека ќе бидат прогонувани ако не гласаат за Трамп.

Во таа операција биле користени адреси за е-пошта од регистарот на гласачи, кои вклучуваат определеност, адреса на домот и е-пошта и телефонски број.

Испраќачите тврдат дека ќе знаат за кој кандидат гласал примателот на мејлот на изборите на 3 ноември.

Би можело да ве интересира

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ

КБЦ Загреб: Не нападнаа хакери, моравме се да исклучиме

Горан Наумовски

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски