Пашинјан се обрати до Путин за помош за гарантирање на безбедноста на Ерменија

Од:

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое детално ја опиша состојбата во Нагорно Карабах и, имајќи ја предвид сојузничката природа на односите меѓу двете земји, бара форма на поддршка за да се зачува безбедноста на Ерменија.

Тоа го објави прес-службата на ерменското Министерство за надворешни работи.

„Со оглед на фактот дека борбените активности се приближуваат кон ерменската граница и навлегувањето на територијата на Република Ерменија, премиерот му се обрати на претседателот на Руската Федерација со барање да почне итни консултации за утврдување на формата и нивото на поддршка што Руската Федерација може да ги обезбеди на Ерменија заради безбедност, заснована врз сојузничките односи и член 2 од Договорот за пријателство, соработка и взаемна помош од 29 август 1997 година “, се вели во соопштението.

Во писмото, Пашинјан ги истакна особено околностите околу префрлање на странски вооружени терористи од Блискиот исток и нивно учество во борбите во Нагорно Карабах.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски