Член на Гринпис „изврши напад“ врз нуклеарна централа во Шведска

Од:

Активист на Гринпис денеска прелета над реакторот на нуклеарната централа во Шведска и пушти надувани балони.

Со акцијата Гринпис сакаше да покаше колку лошо се заштитени нуклеарните централи од евентуален напад од воздух.

– Тоа е уште еден пример за потенцијалната закана поврзана со нуклеарната енергија, кон што сериозно не се однесуваат ниту од страна на индустријата ниту властите, изјави шефот на шведскиот огранок на Гринпис Аника Јакобсон.

Таа додаде дека шведското Министерство за животна средина треба првенствено да се посвети на безбедноста и да ја спречи експлоатацијата на сите шведски реактори.

– Големиот број проблеми со безбедноста на шведските нуклеарни централи укажуваат дека постои зголемена опасност од нуклеарна катастрофа, посочи Јакобсон.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло