Во Црна Гора денес се одбележува Денот на независност, во знак на сеќавање на референдумот од 21 мај 2006 година, на кој стекна државна самостојност.
На одржување на референдумот му претходеа преговори на претставниците на блоковите за независност и заедничката држава преку словенечкиот дипломат и посредник во ЕУ, Мирослав Јајчак.
Парламентот на Црна Гора го усвои Законот за државните празници, според кој 21 мај е прогласен за Ден на независност.
Премиерот Мило Ѓукановиќ вечерва во Вилата Горица ќе организира свечен прием на кој ќе присуствуваат претставници на законодавната, извршната и судската власт, допломатскиот кор, како и официјални лица од јавниот и културниот живот во Црна Гора.
Елена Георгиевска