Во Вермонт легализирана еутаназијата

Од:

Гувернерот на американската сојузна држава Вермонт, Питер Шамлин го потпиша предлог-законот за легализирање на еутаназијата.

Со тоа Вермонт станува трета американска држава каде е легализирана еутаназијата. Една недела претходно предлог-законот беше одобрен од локалните власти.

Според новиот закон, неизлечиво болниот пациент, на кој не му остануваат повеќе од шест месеци живот, може да побара еутаназија. Затоа е неопходно мислење од два лекари. Ако неговата молба биде одобрена, по 17 дена пациентот ќе добие медицински препарат, кој предизвикува брза и безболна смрт.

Во сојузните држави Орегон и Вашингтон еутаназијата беше изгласана на референдум, во Вермонт легализацијата се случи по изгласувањето од локалните власти. Анкетите покажуваат дека 84 проценти од Американците се „за“ правото смртно болните лица сами да одлучуваат за својата судбина.

Би можело да ве интересира

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Израел направи драстичен чекор, ја игнорираше Америка

Си-Ен-Ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за прекин на огнот во Газа

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски