(ВИДЕО) Митрески: Пратениците да го поддржат ребалансот на Буџетот, тој обезбедува поддршка од 470 милиони евра

Од:

„Денеска пред пратениците се измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година. Со овој ребаланс, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет мерки за справување со економските последици од коронакризата.

Преку овој пакет мерки, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места, односно ќе се субвенционираат вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември“, рече Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„Овој пат, поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста и ќе се движи од 14.500 до максимални 21.776 денари месечно, согласно падот на прометот на компаниите кои аплицираат за финансиска помош.

Со 27,6 милиони евра ќе се помогнат 283.000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Домашни платежни картички ќе добијат пензионери со пензии до 15.000 денари, самохрани родители, невработени лица, како и лица над 64 години а кои немаат социјална пензија ниту други приходи.

Покрај овие, четвриот пакет содржи уште дваесеттина мерки преку кои обезбедуваме силна поддршка за компаниите преку поволни кредити, грантови, но и даночни олеснувања за брзо опоравување на секторите кои се најмногу погодени.

Со ребалансот се поддржуваат и важни проекти на локално нови низ речиси сите општини“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он