Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска ја критикуваше Социјалдемократската партија (СДП), помалиот коалициски владин партнер, истакнувајќи дека оваа партија ја мина границата на загрозување на виталните национални и државни интереси на Црна Гора.
Во интервјуза весникот „Побједа“, Ѓукановиќ кажа дека одредени функционери на оваа партија во текот на претседателските избори испраќале пораки што му одела на рака на противкандидадот и лидер на опозицискиот Демократски фронт, Миодраг Лекиќ.
Премиерот нагласи дека, сепак, не го изненадил настапот на Ранко Кривокапиќ и СДП кога е во прашање кандидатурата на Филип Вујановиќ на претседателските избори.
СДП, на чие чело се наоѓа Ранко Кривокапиќ, кој е и претседател на парламентот, смета дека кандидатурата на Вујановиќ беше противуставна.
Инаку, Вујановиќ синоќа положи заклетва на свечена седница на Собранието на Цетиње, што беше бојкотирана од опозициските пратеници и пратениците на СДП, освен Кривокапиќ.
-Делумно ме изненади изведбата на овој став во предизборната кампањаа што еволуираше кон некоја форма на тврдо противење од она што го очекував.
СДП имала свои причини заради кои сметаа дека Филип Вујановиќ не е најдобар кандидат за претседател на државата, дали се согласувате со нив или не ние мораме тоа нивно демократско право да го почитуваме. Немам значи проблем со тоа СДП да не го поддржи Вујановиќ и што нема да учествува во кампањата.
Она на што приговорив на крајот од изборниот процеса е водењето на кампања која директно или индиректно можеше да придонесе кон успехот на противкандидатот на Вујановиќ, рече Ѓукановиќ.
Запрашан за што конкретно мисли, Ѓукановиќ одговори дека „мисли на однесувањето на дел од функционерите на СДП на терен кои воспоставиле ригорозна контрола врз користењето на избирачкото право на своите избирачи“.
-Да бев на нивно место ќе оставев целосна граѓанска и избирачка слобода на секој член на нашето избирачко тело да го подржи господинот Вујановиќ, доколкутоа навистина го сака.
Тоа и уште неколку политички пораки што се слушнаа во текот на кампањата од одредени функционери на СДП, според мое мислење му одеа на рака на противкандидатот на Вујановиќ, рече црногорскиот премиер.
Тој оцени дека таквото однесување на СДП е спротивно на интересите „не само на Филип Вујановиќ и ДПС, туку и на интересите на коалицијата“.
-Миодраг Лекиќ не беше автономен кандидат туку претставник на една политика која, почнувајќи од референдумот до денеска, работеше се за државно да ја разгради и економски уназади Црна Гора.
Нашите политички разлики во рамки на владеачката коалиција не смее никогаш да дојде до границата на загрозувње на виталните национални и државни интереси на Црна Гора, а не пак да ја мине таа граница, за што до сега коалицијата ДПС – СДП многу одговорно водеше сметка , смета Ѓукановиќ.