Најмалку петимина загинати, а 69 повредени во Ирак

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а 69 се повредени во денешните експлозии во северниот дел на Ирак, соопштија ирачките власти.

Во двете експлозии на автомобили-бомби во градот Туз Крумат, во провинцијата Салахедин загинаа три лица, а повредени се 44, додека 10 куќи се оштетени.

Во две експлозии на бомби поставени покрај патот во близина на сточниот пазар во Киркук загинаа двајца, а 25 се повредени.

Во вчерашните напади повеќе од 60 луѓе загинаа ширум Ирак, додека во мај, до денеска, животот го загубиле 370 лица.

Ирачкиот премиер Нури ел Малики соопшти дека има план за преиспитување на безбедноста во земјата и истиот ќе се разгледува на владина седница в четврток.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак