ВИДЕО: 91 лице загина во силно торнадо што мина над предградие на Оклахома

Од:

Најмалку 91 лице загинаа во големо торнадо што погоди јужното предградие на Оклахома Сити, Мур, јави Си-Ен-Ен.

Цели квартови на Мур, кое има население од околу 55.000 жители, се срамнети со земјата. Над 230 лица се повредени, меѓу кои и 45 деца. Најмалку десетмина од повредените се во критична состојба.

Бурата директно погоди основно училиште во Мур, однесувајќи го покривот и уривајќи ѕидови. Неколку деца биле извадени живи од под урнатините.
tornado-oklahoma-sad1
Брзината на ветровите што го следеле торнадото достигнала 320 километри на час. Ширината на торнадото била 1,6 километри.

Таква брзина и обем достигнуваат само помалку од еден процент од торнадата. Најсилните ветрови, регистрирани на Земјата, се оние што го следат торнадото, при што апсолутен рекорд е 486 километри на час.

Американскиот претседател Барак Обама ја прогласи Оклахома за зона на голема природна натастрофа. Цел на оваа мерка, како што соопшти Белата куќе, е федералната влада да може да укаже помош на тешко настраданите од торнадото.

Обама телефонски разговарал и со гувернерот на сојузната држава Оклахома, Мери Фалон, и и ја изразил својата загриженост.

Демократот Обама ја информирал републиканката Фалон дека на својата администрација и наредил на настраданите да им ја пружи сета неопходна помош.

Би можело да ве интересира

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Израел направи драстичен чекор, ја игнорираше Америка

Си-Ен-Ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за прекин на огнот во Газа

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски