Отворена истрага против турски државјанин за пронајдени 110 килограми хашиш во неговиот автомобил

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, турски државјанин, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, на 25 октомври, во возилото Цитроен кое го управувал, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хашиш во вкупна количина од околу 110 килограми, спакувана во 114 пакувања ставени во картонски кутии и торби во просторот за багаж. Дрогата требало да ја пренесе на непозната локација, а бил откриен и фатен на излезот од паркинг простор на магистралниот пат Ресен-Охрид.

За осомничениот Обвинителството до Основниот суд Охрид достави и предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Со месеци бандата која препродавала амфетамин била под посебни истражни мерки