Претседателот на црногорската опозициската партија Движење за промена, Небојша Медојевиќ го повика претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ да не присуствува на денешната инаугурација за шеф на државата во третиот мандат.
Во отвореното писмо тој оценува дека недоаѓањето на инаугурацијата е последна шанса да го зачува личниот интегритет.
Според Медојевиќ, Вујановиќ не е ни уставно ни законски избран за претседател на Црна Гора.
Опозицијата смета дека победник на претседателските избори одржани на 7 април е опозиционерот Миодраг Лекиќ.
Колона од околу 60 граѓани на Црна Гора утринава тргна пеш од Подгорица кон црногорската престолнина Цетиње, каде ќе го изразат незадоволството од моменталната состојба во државата.