Познати наградените ракописи на Битолски книжевен круг

Од:

Друштвото на писатели Битолски книжевен круг ги објави наградените ракописи за 2020 година. Со одлука на стручна комисија наградата „Книжевен круг за проза“ се доделува за ракописот „Фауст го трча плебејскиот круг“ од Стефан Марковски, а наградата во категорија поезија за ракописот „Манастир од мисли“ чиј автор е Кире Неделковски.

Годинашен добитник на наградата „Книжевен круг за критика“ е професорката Весна Мундишевска Велјановска за ракописот „Профили“, а наградата „Лингва“ за превод и афирмација на македонската литература се доделува на Олга Панкина, македонистка и преведувачка од Русија.

-Сите наградени ракописи се публикувани и ќе бидат промовирани на меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“ која претстојниот викенд ќе се одржи во Битола, информира Елизабета Јончиќ, претседателка на Друштвото на писатели Битолски книжевен круг.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска