Белоруската полиција апси студенти кои протестираат

Од:

Полицијата во Минск уапси студенти кои одговориле на повикот на опозицијата да учествуваат во националниот штрајк.

Полицијата почна да ги апси студентите кои беа во поворка од околу 100 луѓе во центарот на Минск и да насилно да ги воведува во полициски возила.

Во исто време, пред зградите на факултетот во Минск, групи студенти се собраа на мирен протест да го изразат своето незадоволство од државната политика.

Вчера истече ултиматумот од опозициската лидерка Светлана Тихановскаја до актуелниот претседател Александар Лукашенко. Клучните барања во ултиматумот се оставка на Лукашенко, крај на насилството и ослободување на политичките затвореници, јави ТАСС.

Опозицијата ги повика граѓаните денеска да започнат генерален штрајк, но претставникот на белоруската влада изјави дека белоруската индустрија работи како и обично и дека производството не е запрено.

Од друга страна, Тихановскаја на Твитер денеска објави дека кон националниот штрајк се придружуваат голем број вработени во мали и големи бизниси, поддржани од студенти и пензионери.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад