Комуналното претпријатие во Гевгелија целосно под партиска капа

Од:

Со 10 гласа „за“ и осум „против“ Советот на Општина Гевгелија на својата трета редовна седница ги разреши старите и избра нови членови на Управниот и на Надзорниот одбор на Јавното комунално претрпијатие „Комуналец“ од Гевгелија, сите од коалиција што го сочинува мнозинството во Советот – „За подобра иднина“.

На ваквите предлози на Комисијата за именување критички реагираа советниците од редовите на СДСМ, кои обвинија дека на ваков начин „опозицијата нема пристап во работењето на Јавното претрпијатие, кое располага со капитал еднаков на 70 проценти од вредноста на општинскиот буџет и располага со најголемиот и најважен ресурс, а тоа е водата“.

– Веќе два мандата се нарушени демократските принципи на работењето на локалната власт во Гевгелија. Во управните тела на претрпијатието, наместо некогашниот сооднос од 3:2 во однос на мнозинството претставници, или бараниот сооднос од 4:1, мнозинството предложи и самото избра максимални пет члена и во двете тела, без право на збор на опозицијата во комисиската расправа. Кај сите избрани лица, и во Управниот и во Надзорниот одбор на претпријатието, единствено заедничко нешто, наместо стручноста и компетентноста, им е хомогеноста во партиската припадност – истакна Јованка Костова, член на Советот од редовите на СДСМ.

На ова реагираше претседателот на Социјалистичката партија и член на Советот од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Камов, кој во обид да го оправда составот на предложените управни органи на ЈПКД „Комуналец“ цитираше стара изјава на актуелен политичар пред повеќе од 20 години, кој рекол: „Добрата волја веќе заврши“.

Советникот од СДСМ Илија Ашиков на ова реплицираше дека „тоа е време од 1990 година, кое сите сакаме да го надминеме“. Петар Апостолов од ЛДП уште еднаш нагласи дека се работи за демократски принцип, кој треба да се почитува при конституирањето на управните тела во јавните претпријатија, кое мнозинството не сака да го прифати, па затоа сите членови се од коалицијата на власта.

Ваквата отсечност и одбивност на мнозинството воопшто да дебатира за составот на управните тела на Јавното комунално претпријатие, советничката Наташа Минова (СДСМ) го оправда со зголемениот паушал за учество на седници на овие тела од цели 100%.

– Уште со првата седница, при конституирањето на новите управни тела на претпријатието пред пет години, донесена е одлука за зголемување на паушалот за учество на седници, кој изнесуваше 3.000 денари, на 6.000 денари. Очигледно е дека на ваков начин општинската власт сака да награди дел од своето членство. Сметам дека управните и надзорните одбори на
јавните претпријатија не траба да бидат места каде што ќе се задоволуват партиските страсти -истакна во својата дискусија Минова.

Таа потсети дека во времето кога СДСМ управувал со општинската власт истакнати партиски лица од тогашната опозиција биле членови на управните тела на „Комуналец“, меѓу кои и денешниот градоначалник на општината.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија