Тачи: Сега е време Косово да стане членка на Обединетите Нации

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи по повод денешнјиот Ден на Организацијата на обединетите нации (ООН) порача дека „сега е време Косово да стане членка“ на светската организација на народите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи преку својот Твитер порача дека 75 години по основањето на ООН на човештвото му е потребно единство поради новите предизвиците со кои се соочува.

– Улогата на ООН во градењето на мирот и стабилноста во светот и натаму е значајна. Денес, кога човештвото се соочува со новите предизвици, од суштинско значење е да бидеме обединети во зачувувањето на сигурна иднина за нашите земји. Сега е време Косово да стане членка на Обединетите нации, напиша Тачи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина