Во Цетиње денеска ќе се одржи инаугурацијата на старо-новиот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, која ќе биде бојкотирана од страна на опозицијата.
На свечената седница на Собранието на која ќе се одржи церемонијата е најавено присуство на пратениците на помалиот партнер во владината коалиција, Социјалдемократската партија, која ја оспорува уставниста на реизборот на Вујановиќ.
Инаку, колона од околу 60-тина граѓани на Црна Гора организирани од независниот новинар Марко Милачиќ Гора, утринава, пеш тргна од Подгорица кон црногорската престолнина на Цетиње, каде денеска во текот на инаугурацијата на ново-стариот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, ќе го изразат незадоволството од моменталната состојба во државата.