Групацијата Новоматик во С. Македонија – Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел и Апекс Македонија самоиницијативно ги стопираат угостителските услуги од 23 до 07 часот

Од:

Како општествено одговорни компании, целосно свесни за сериозноста и ризиците од зголемувањето на бројот на новозаразени од „Ковид-19“, тргнувајќи од неспорниот факт дека врвен приоритет во моментов е заштитата на здравјето на граѓаните и одржување на капацитетите на јавното здравство, Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС, чии членки се Групацијата Новоматик во Северна Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел), Апекс Македонија, ја известува јавноста за следното:

Без разлика што законски определеното работно време во индустријата за организирање игри на среќа е 24/7, како наш придонес во борбата за справување со пандемијата, самоиницијативно донесовме одлука, веднаш да ги стопираме сите угостителски услуги во автомат клубовите и казината со кои ние стопанисуваме. Во наредниов период нема да се послужуваат пијалаци во периодот од 23 до 07 часот. Сметаме дека со оваа наша одлука ќе им помогнеме на државните институции полесно да ги спроведуваат новите рестриктивни мерки на терен. Ние се решивме на ваков рестриктивен чекор, со цел да се обезбеди максимален ефект од ново воведените безбедносни мерки.

Истовремено, како претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се предвидени и најситните детали за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. Потврда за тоа е фактот дека до сега не постои кластер на заразени преку наши вработени. Целиот изминат период имавме разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со светската пандемија на „Ковид – 19“. Затоа, свесно се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа?

(ВИДЕО) Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“

Велешанец e нападнат во казино

Горан Наумовски

Приведен жител од кумановско Лопате, се обидел во казино да размени фалсификувани евра

Скопјани со лажни пари играле во казино во Струмица

АПИС со соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

Предраг Петровиќ