Вулканот Безимјањи утрово еруптира исфрлајќи пепел во висина и до 10 километри, соопшти портпаролот на геофизичката служба на Камчатка при Руската академија на науките.
– Надзорната камера во станицата Киришев го забележа почетокот на ерупцијата. Бидејќи вулканот делумно е покриен со облаци, ќе имаме попрецизни информации кога ќе собереме податоци од сателитот, истакна портпаролот.
Тој додаде дека ерупцијата била предвидена од експертите, бидејќи подземните активности укажуваа на можна ерупција уште од почетокот на октомври.
Безимјањи со висина од 2.800 метри е еден од 29 активни вулкани на Камчатка, кој еруптира еднаш до двапати годишно. Ерупциите траат од неколку часа до неколку дена. Претходната ерупција бешена 15 март 2019 година.
Најсилната ерупција на Безимјањи се случи во 1956 година кога по активноста врвот на вулканот од 3.080 се намали на 2.800 метри.
Вулканот се наоѓа на 385 километри од Петропавловск, град со 180.000 жители.