Дека актерите можат да искомуницираат со публиката, да изреагираат за време на претставата и се тоа да изгледа симпатично покажа Тијана Дапчевиќ.
За време на претставата „Пукла брука“, нечиј мобилен телефон упорно ѕвонеше. Тијана многу умешно, не излегувајќи од улогата која ја глуми, го искритикува човекот кој го немаше исклучено ѕвонењето.
„Изгаси го мобилниот… Да не ти дојдам јас“, рече Тијана.
Иако нејзиниот колега на сцената не можеше да го сокрие смеењето поради необичната ситуација, многу брзо продолжи да глуми.