Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека 43 заложници се ослободени од филијалата на Банка на Грузија во градот Зугдиди, а напаѓачот побегнал.
Напаѓачот се уште е на слобода, а со себе земал и тројца заложници.
Неидентификуван вооружен маж вчера упадна во филијала на Банка на Грузија и зеде заложници.
Според локални медиуми тој барал половина милион долари.