Американката Серена Вилијамс го освои ВТА Мастерсот во Рим, откако попладнево во финалето убедливо со 6:1 и 6:3 ја победи Викторија Азаренка од Белорусија.
Во меѓусебните пресметки сега резултатот е 12-2 за Вилијамс.
За американската тенисерка ова беше петти турнирски триумф во низа и 24. победа во серија што се одлични индикатори за неа во пресрет на вториот годинашен Грен слем „Ролан Гарос“ во Париз следната недела.