Средба на заменик министерот Буши со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Голдстајн

Од:

Заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши денеска оствари работна средба со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстајн.

Како што соопштија од МВР, заменик министерот Буши се заблагодарил на Голдстајн за долгогодишната одлична соработка меѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ, фокусирана на полето на заштита од транснационални закани, понатамошна професионализација и демократско полициско работење.

Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ, Голдстајн му посакал успешен мандат на заменик министерот Буши и се осврнал на заеднички спроведените проекти годинава.

Во рамки на идните планови, се наведува во соопштението од МВР, заменик министерот Буши ја претставил иницијативата за билатерални, трилатерални или регионални состаноци на замениците министри за внатрешни работи, со цел отворање дискусија за безбедносните предизвици со кои се соочуваме и зајакнување на регионалната соработка.

– Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста за продолжување на координирана и интензивна соработка во процесите на професионализација на полицијата, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он