Докторите и медицинскиот персонал ќе мора да внимаваат на својот изглед и облека.
Министерството за здравство ќе го уредува начинот на облекување и однесување на медицинскиот персонал во јавните здравствени установи (ЈЗУ) во земјава за да се среди прецепцијата на несреденост во работењето. Тоа го предвидува Протоколот за начинот на вршење на здравствената дејност во здравствените установи од организациски аспект – Хоспитална култура, што денеска беше промовиран.
Со протоколот, кој е обврзувачки за сите вработени во ЈЗУ, се пропишува севкупниот однос на здравствените работници и функционирањето внатре во здравствената установа, а неговата цел е подигнување на нивото на услужливост и подобрување на односот кон пациентите со акцент на односот лекар-пациент, односите меѓу лекарите во установата, но и дефинирање на односнот пациент-лекар.
Предвидува ненаметлив дрес код за здравствените работници. Бел мантил ќе може да носи само лекар, сестрата ќе биде облечена во светло син мантил, болничарот во светло сив, а техничкиот персонал во црвен или бордо комбилизон со јасно означување дека се работи за техничка служба. Регулиран е и начинот на комуникација доктор-презиме, сестра-име, сестрата да треба да го најави пациентот пред да влезе кај докторот и веднаш да излезе, зачувувањето на професиналната и деловна тајна, почитувањето на титулата, забрана за повишување на тонот, финансиското работење, примањето на подароци, начинот на телефонска комуникација, водењето на приватни телефонски разговори, нивното максимално траење, телефонирањето во странство,…
Протоколот во наредните денови ќе биде објавен во Службен весник, а веќе се изработени укажувања кои се доставени до сите директори на јавните задравствени установи во кои им се посочува дека треба да се грижат за сите односи во ЈЗУ. Дрес кодот ќе стартува за две до три недели, а начинот на облекување на здрвствентие работници кога ќе завршат постапките за набавка на облеката. Протоколот ќе биде вметнат во договорите за работа на здравстените работници кои ќе се вработуваат, а на оние кои се веќе вработени ќе им бидат понудени нови променети договори за вработување во кои ќе бидат внесени и препораките.
– Хоспталната култура е сегмент од организациската култура што го регулира начинот на средување на односите во една здравствена установа во која пациентот е во центарот на вниманието. Таа е имплементирана во сите развиени здравствени системи. Во нашите здравствени установи имаме врвна опрема, инвестираме во знаење и обука на персоналот, а единствено ни недостасува средување на организациската култура и начинот на однесување. Тоа е суштинската разлика меѓу јавните здравствени установи во Македонија и во странство, рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека слабостите во организациската култура се детектирани преку проектот Таен пациент што го спроведуваше Министерството во изминатата година, а чија цел беше откривање на начинот на кој се средени односите во нашиот систем за здравство.
– Протоколот предвидува здравствените работници да го сменат начинот на комуникација со пацинетитете и кон нив да се обраќаат со персирање. Мора и секој здрвствен работник да носи беџ за да знае секој пациент со кого комуницира, рече Тодоров и додаде дека првите резултати ќе може да се видат за две до три години.
Посочи дека колку и да звучи неостварливо да се спроведат барањата единствено со нив може да се смени перцепцијата за здравствените установи и да се надминат проблемите кои се предизвикани од недоличната комуникација.
Нагласи дека во наредниот период се планира организирање на серија на масовни и континуирани обуки за сите вработени во ЈЗУ за средување на хоспиталната култура во установите. Обуката ќе почне со 800-те лица кои наскоро треба да се вработат во здравството. Предвидена е и задолжителна обука и за сите здравствени менаџери во соработка со Шефилд Универзитетот. Доколку некој се пожали на однесувањето на здрвствените работници веднаш е предвидено покренување дисциплинска постапка.