Мал авион се урна во реонот на турскиот град Адана, во јужниот дел од земјата, за време на аеромитинг, при што пилотот загинал. Засега не се познати причините за авионската несреќа.
Авинот учествувал на аеромитинг, организиран по повод денешниот празник на младоста и спортот во Турција. Празникот се одбележува и како Ден на сеќавањето на Ататурк.
Во цела Турција се одржуваат ученички манифестации, спортски настани, концерти и фестивали.