А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата препорача исплата на октовриските пензии од 27 октомври

by А1он20/10/2020 - 22:1421/10/2020 - 07:08645
Share0

Владата на својата 13-та седница им препорача на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат од 27 овој месец.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информира владината прес-служба, Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжила Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година.

– Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, да биде организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари, се наведува во соопштението.

На владината седница е утврден и новиот текст на Предлогот на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Целта на Предлог на Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, е создавање услови за целосна имплементација на член 147-а од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, според кој, активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата остварува право на стаж на осигурување со зголемено траење, односно бенефициран стаж, информира владината Прес-служба.

penziivlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео