Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, се состанаа денеска во претседателството.
Разговорот меѓу двајцата лидери на политичките партии се случи по средбaта на Дачиќ со мандаторот за состав на новата влада, Ана Брнабиќ, пренесува „Блиц“.
„Србија се соочува со тешки предизвици. Секоја политичка партија, но и секој човек во нашата земја има обврска да и помогне на својата земја. Пријателствата се ретки во политиката, но единството и обединетата акција се клучни за благосостојба на Србија. Само обединета Србија ќе биде посилна и поуспешна.”, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
На седницата на претседателството на партијата, врвот на прогресивците конечно ќе одлучи како ќе изгледа идната влада и дали и кој од партнерите на „Српска напредна странка“ ќе биде дел од владејачката коалиција.
Засега, само претседателот на Србија, Александар Вучиќ е запознат со списокот на кандидати за идни министри, кој беше направен од премиерката Ана Брнабиќ.