Иран испрати модерна фрегата да ја следи вежбата на 41 држава во Персисикиот залив

Од:

Иран испратил еден од своите најнови борбени бродови да ја следи големата вежба за расчистување мини, што пред неколку дена почна во Персискиот залив, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Фрегатата „Џамаран“ минала само на милја од западните бродови што учествуваат на вежбата, чија цел е да се гарантира безбедноста на бродското пловење по еден од најважните стратегиски морски патишта.

Командантите подвлекуваат дека иранската фрегата не ја сметаат за закана и дека нивните односи со иранската флота се речиси „срдечни“.

Фрегатата „Џамаран“, вооружена со ракети и торпеда, е изградена во Иран и пуштена во вода во 2010 година.

Капетанот на еден од 35-те бродови, учесници на вежбата, изјави дека војниците од иранската и американската флота, сметани за евентуални идни непријатели, редовно се фотографираат заедно, кога минуваат преку водите на Заливот.

– Се додека само снимаме, се е во ред, посочува капетанот на американскиот брод „Понс“.

Во вежбата, која ќе трае две недели, учествуваат 41 земји. Тие изведуваат операции на расчистување мини, заштита од напади со мали бродови и обезбедување нафтени платформи.

Повеќето од бродовите се од земји членки на НАТО, но Австралија и некои арапски земји, исто така, испратиле свои бродови.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски