Полицијата предупредува дека променливите временски прилики ги отежнуваат условите на патиштата и со управувањето на возилата па затоа е потребна голема внимателност, особено на високопланинските места. Дождовите, влажните коловози, ниските температури, голоморазицата како и одрони од камења дополнително го зголемуваат ризикот за сообраќајни несреќи потенцираат од полицијата.
-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да бидат крајно внимателни, особено ако патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка и да ја приспособат брзината според условите на патот. На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила, а посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња, да не консумираат алкохол кога управуваат возило и да не управуваат неподготвени и заморени. Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово континуирано спроведуваат и во наредниот период ќе продолжат со засилени контролни активности, во чие средиште ќе биде техничката исправност, односно неисправност на возилата, брзината со која се движат во и надвор од населените места, управувањето без возачки дозволи и возилата со истечена регистрација, се вели во апелот на СВР Тетово.
Полицијата потенцира дека техничките неисправните возила ќе се исклучуваат од сообраќај.